КРАТОК ПРИКАЗ НА ТУРИСТИЧКИТЕ АТРАКТИВНОСТИ И ЛОКАЛИТЕТИ
Во согласност со целта на проектот, во брошурата накратко се претставени 21 локалитет во општините Делчево и Пехчево.Истите се претежно од областа на природното наследство, а покрај објаснување, секој локалитет е проследен и со фотографија. Секако, на овој простор има многу повеќе места и настани да се видат, но оставаме на вас самите да ги откриете. За почеток, запознајте се со следните уникатни места:-
Погледни местоПатека на петко
Види на мапаПатеката на Петко на планината Голак е кратка, но живописна пешачка патека со вкупна должина од 1 km. Тоа е едукативна патека, која има за цел да овозможи интерактивно учење за природата и биолошката разновидност во брегалничкиот регион. Поставена е во највисоките делови на планината, на надморска височина од 1375 m до 1400 m, односно […]
-
Погледни местоВелосипедска патека Голак
Види на мапаПланинската велосипедска патека Голак е со вкупна должина од 6800 m и е поставена во највисоките делови на планината. Започнува во непосредна близина на вила „Гранит“ од каде продолжува покрај спортските терени и се искачува покрај вила „Фротирка“. Од овде продолжува до манастирот Св.Пантелејмон, каде на еден мал дел поминува по асфалтен пат. Самиот манастир […]
-
Погледни местоПатеката на билките на планината Голак
Види на мапаПатеката на билките на планината Голак е едукативна патека која се наоѓа во највисоките делови на планината Голак, околу врвот Чавка (1536 m). Истата има за цел запознавање, зачувување и правилно искористување на природните вредностите на планината Голак. За таа цел се поставени поголем број информативни табли за шумските и растителни формации со посебен осврт […]
-
Погледни местоКукуље кај с.Нов Истевник
Види на мапаКукуље кај с.Нов Истевник е уникатна релјефна појава на падините на ниската планина Бејаз Тепе, речиси на половина пат помеѓу Делчево и Пехчево. До локалитетот се доаѓа преку регионалниот пат Делчево-Берово, при што кај с. Нов Истевник се исклучува од главниот пат и по тесен асфалтен пат се стигнува до самото село. Потоа, по пешачка […]
-
Погледни местоКукуље кај с.Тработивиштее
Види на мапаКукуље кај с.Тработивиштее уште една интересна појава на земјени пирамиди (камени кукли) во областа, штосе наоѓа на 3 km југозападно од с.Тработивиште. До кукуљето се доаѓа преку локалниот асфалтен пат од с.Тработивиште до с.Разловци. Пред с.Разловци се скршнува кон запад, по земјен пат, во правец на акумулацијата Лошана. Потоа се искачува на ридесто возвишение, на […]
-
Погледни местоМелови кај с. Црник – Melovi near the village of Crnik
Види на мапаМЕЛОВИTE КАЈ с. ЦРНИК се многу интересни геоморфолошки форми со амфитеатрален изглед, кои кон подножјето се стеснуваат, па наликуваат на пресечена инка. Станува збор за 10-ина мелови кои се наоѓаат на околу 1 km, односно 15 минути одење спротиводно (југоисточно) по Црничка Река, над с. Црник. Тие имаат значителна височина на ерозивниот отсек до 80 […]
-
Погледни местоКоњска Дупка
Види на мапаКоњска Дупка е кратка пештера што се наоѓа кај с.Град, 7 km југоисточно од Делчево. Според досегашните сознанија, таа е најисточната пештера во Република Македонија. Создадена е во варовнички карпи кои се појавуваат на мала површина веднаш покрај селото Град. Влезот се наоѓа во стрмните карпи на левата долинска страна на Вачин Дол и е […]
-
Погледни местоКиселичка пештера
Види на мапаКиселичка пештера е уште еден природен уникат на Пијанец и со своите 108 m должина, претставува најдолга пештера во овој краен источен дел на Република Македонија. Се наоѓа на7 km северозападно од Делчево, во атарот на селото Киселица. До пештерата се стигнува преку асфалтен пат до селото, а потоа уште 700 m на север по добар […]
-
Погледни местоИлин Камен
Види на мапаИлин Камен е локалитет кај с. Ѕвегор, на левата (северна) страна од патот кон Бугарија, на околу 200 m оддалеченост од патот. Тоа е карпест блок висок околу 2 m, со мал отвор во средишниот дел настанат со ерозија. Според легендите, во времето на Османлиите во близина живеела некоја убава девојка Илина, која посакала да […]
-
Погледни местоВртена Скала
Види на мапаВртена Скала е карпеста форма со впечатлив изглед, висока околу 5 m. Се наоѓа 4 km источно од Пехчево, во пазувите на Буковик,на десната долинска страна на Пехчевска Река. Низ средишниот дел на карпата има тесенотвор, долг околу 2 m. Кај месното население постои верување дека протнувањето низ карпата им помага на жените кои немаат […]
-
Погледни местоПехчевски Водопади
Види на мапаПехчевски Водопади, се наоѓаат на десетина километри југоисточно од Пехчево, во горниот, изворишен дел на реката Брегалница. Реката овде е длабоко всечена помеѓу планината Влаина на север и Малешевски Планини на југ, така штона некои места има кањонест изглед. Токму тука се создале5 поголеми водопади и бројни каскади на Брегалница и нејзините притоки, каде чистата […]
-
Погледни местоЕзерото Сандански
Види на мапаЕзерото Сандански е мало вештачко езерце кое се наоѓа 3 km јужно од Делчево, непосредно до реката Брегалница и до регионалниот пат за Берово. Има неправилна елипсеста форма со најголема должина од 205 m, широчина од 145 m и површина од 2 хектари. Бреговата линија му е многу разгранета и долга дури 1100 m, со […]
-
Погледни местоЕзерото Лошана
Види на мапаЕзерото Лошана е мала вештачка акумулација на источните падини на Голак, 10 km јужно од Делчево и 5 km југозападно од селото Тработивиште. До езерцето се доаѓа по асфалтниот пат од с.Тработивиште кон с.Разловци, при штона 2 km по с.Тработивиште се исклучува кон десно (запад) по солиден макадамски пат. Самото езеро е на 820 m […]
-
Погледни местоБарски еко-систем Езерце
Види на мапаБарски еко-систем Езерце се наоѓа на источната страна на градот Пехчево, во долината на Пехчевска Река. Претставува природна бара во која има специфичен растителен и животински свет. Самиот простор околу барата е исполнет со природни убавини поради што е ставен во функција на едукација и рекреација на посетителите. Барскиот екосистем „Езерце“ е уреден со едукативни табли за […]
-
Погледни местоЛокалитетот „Јудови ливади“
Види на мапаЛокалитетот „Јудови ливади“ е оддалечен 2 km североисточно од Пехчево, во подножјето на Буковик (1723 m), на околу 1100-1200 m надморска височина. Се одликува со единствена флора на територијата на општина Пехчево и пошироко. Имено, на тресетиштата и влажните ливади на овој простор се развива инсектојадното растение муволовка (Drosera rotundifolia) кое многу ретко се среќава […]
-
Погледни местоПатеката на биодиверзитетот во Делчево
Види на мапаПатеката на биодиверзитетот во Делчево е од едукативен карактер, наменета за учениците од Делчево, но и за сите љубопитни посетители на градот. Нејзина цел е да се едуцира населението за важноста на реката Брегалница и нејзините еко системи,особено за флората и фауната која живее долж речниот слив на територијата на општина Делчево. Патеката, која се […]
-
Погледни местоРекреативната велосипедска патека „Илин Камен“
Види на мапаРекреативната велосипедска патека „Илин Камен“ е долга 5 km и ги поврзува градот Делчево со локалитетот „Илин Камен“. Излегувајќи од Делчево на околу 600 m надморска височина, патеката првин минува по ридест терен до с.Ѕвегор, а од тука постепено се искачува до 880 m надморска височина кај Илин Камен. Според тоа, висинската разлика е 280 метри, […]
-
Погледни местоПатеката на Петко и шумските жители
Види на мапаПатеката на Петко и шумските жители – пехчевска авантура е едукативна пешачка патека наменета главно за ученици, но и заинтересираните вљубеници на природата. Патеката е во функција на подобро запознавање и зачувување на биодиверизитетот на овој простор. Таа почнува од Едукативниот центар во село Негрево, а завршува кај локалитетот „Јудови Ливади“, каде вирее инсектојадното растение муволовка. […]
-
Погледни местоЕдукативниот центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион
Види на мапаЕдукативниот центарза зачувување на природата во Брегалничкиот регион се наоѓа во с.Негрево, на 1,5 km северно од Пехчево. Истиот е изграден со цел младите од регионот и пошироко да имаат можност директно и практично да се запознаат со природните богатства и биолошката разновидност што ги има во Брегалничкиот регион и реката Брегалница како најзначаен хидрографски […]
-
Погледни местоВелосипедска патека „Убавините на Пехчево на велосипед“
Види на мапаВелосипедска патека „Убавините на Пехчево на велосипед“ е со вкупна должина од 10 km и го поврзува градот Пехчево со трите туристички локалитети „Вртена скала“, „Делибови кашчи“ и „Јудови ливади“. Овие три локалитети се на јужната падина на фосилната вулканска купа Буковик (1723 m)која се издига високо над Пехчево. „Вртена скала“ е позната по специфичната […]
-
Погледни местоАрхеолошкиот локалитет „Св. Петка“
Види на мапаАрхеолошкиот локалитет „Св. Петка“ се наоѓа на 4 km североисточно од Пехчево, во месноста „Св. Петка“, кај локалното население позната и како „Манастир“. Станува збор за старохристијанска црква со димензии 7 х 13 m, односно за манстирски комплекс со поголеми димензии кој, покрај остатоците од црква градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти […]
-
Погледни местоЦрква “Света Петка Параскева” – ST. PETKA (SAINT PARASKEVA OF THE BALKANS)
Види на мапаСВЕТА ПЕТКА — црква во селото Селник. Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура на Република Македонија. Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочи. […]
-
Погледни местоОчипалска пештера – Ochipalska cave
Види на мапаВо близина на градот Делчево има неколку мали варовнички ридови во кои се создадени кратки пештери. На североисток од Делчево се наоѓа пештера, која месното население ја нарекува Очипалска Пештера. Влезот на пештерата е тесен, но висок. Затоа, пак, во неа живеат лилјаци, птици, инсекти и сл. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка […]
-
Погледни местоЕзеро Калиманци – Lake Kalimanci
Види на мапаЕЗЕРО КАЛИМАНЦИ е вештачка акумулација на реката Брегалница во Очипалско-истибањската Клисура и претставува најголемо езеро во источниот дел на Македонија. Езерото е долго 14 km, широко 0,3 km, а максималната длабочина достигнува до 80 m. Зафаќа површина од 4,23 km2 и акумулира 127 милиони m3 вода. Езерото Калиманци е специфично по големата брегова разгранетост. Вкупната […]
-
Погледни местоКомплекс Манастирски Ендек – Monastery block of Endek
Види на мапаВо подножјето на Голак, во непосредна близина на градот Делчево, се наоѓа прекрасниот манастир Света Богородица Балаклија. Околината на манастирот, со своите специфични камени форми, придонела уште од дамнина тука да постои светилиште. Сегашниот изглед манастирскиот комплекс го добил некаде во почетокот на 20 век кога бил изграден манастирот, но со слаб квалитет. Подоцна, на […]
-
Погледни местоВрв Кадиица, Влаина – Peak Kadiica, Mountain Vlaina
Види на мапаПланината Влаина припаѓа во групата средновисоки планини. Се протега по должината на границата со Бугарија, од нејзината северна страна од превалот Црна Скала, која претставува и граница со Осоговските Планини. Кон југоисток, во потег од 40 km, се издигнуваат некоклу карактеристични врвови како Острец, Китка, Обел и Кадиица. Планинските падини се стрмни, особено на западната […]
-
Погледни местоОрловец
Види на мапаБуковик (Орловец, 1723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, по одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански тип. Всушност, […]
-
Погледни местоТуристичка населба Абланица – Tourist settlement Ablanica
Види на мапаТуристичката населба Абланица е една од поголемите туристички локалитети во регионот. Локалитетот располага со околу 150 викенд куќи, а дел од нив нудат сместување за туристите. Туристичката населба Абланица има најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во Oпштината Берово. Новоизградената црква Св. Недела и Св. Петка е со фрескопис и иконостас, изработени од локални уметници. Абланица […]
-
Погледни местоВрв Петлец – Peak Petlec
Види на мапаЛокалитетот Петлец е оддалечен 12 km од Берово, во близина на Русиново на оддалеченост 7 km од селото. На ова место, во срцето на Малешевските Планини, во 1906 година згасна животот на Дамјан Груев, еден од најголемите македонски револуционери, визионер и борец за самостојна и независна Македонија. Во негова чест секоја година, викендот пред 23 […]
-
Погледни местоМанастир Св.Архангел Михаил
Види на мапаМанастирот “Свети Архангел Михаил”,е изграден во 1818 година помеѓу две стари цркви, “Свети Ѓорѓи” од десната страна на околу стотина метри, на чие што место денес постои оброчиште и “Света Богорогица” од левата страна, на влезот во брегалничката клисура, на местото каде во 18 век се наоѓало Берово. Начинот на кој што е изграден манастирот […]
-
Погледни местоБуковик со врвот Орловец – Bukovik with the peak Orlovec
Види на мапаБуковик со врвот Орловец (1.723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, според одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански […]
-
Погледни местоВрв Ченгино Кале, Езеро Орлови очи – Peak Chengino Kale, Eagle eyes Lake
Види на мапаЧенгино Кале (или Калето) на Малешевските Планини, на самата граница со Република Бугарија, е најисточната месност на Република Македонија. Височина на врвот изнесува 1.752 m. Граничната линија на овој простор, во должина од 12 m поминува преку мало природно езерце. Езерцето е со меридијански правец, во должина од 40 m, површина од 310 m2 и […]
-
Погледни местоСвети води, с. Тработивиште – Holy water, village of Trabotivishte
Види на мапаМесноста Света Вода е оддалечена 15-тина km јужно од Делчево, во атарот на с.Тработивиште. Самите извори се високо од десната страна на реката Брегалница. Тука од памтивек постојат 3 извори на вода. Подоцна овие извори се каптирани во чешми што никогаш не пресушуваат. За водата од овие чешми, меѓу локалното население во Делчево и регионот, […]
-
Погледни местоМанастир Пресвета Богородица
Види на мапаЦрквата Пресвета Богородица започнала да се гради во 1972, а била завршена во 1975 година. Изградена е во стилот на византиско-македонските цркви од среден век. Манастирот е машки, а типикот на манастирот е исихастички. Во близина на манастирската се наоѓала друга, постара црква, која што била разрушена, а иконите од неа били пренесени во новата […]
-
Погледни местоМаршрута Орловец – Оrlovec itinerary
Види на мапаМаршрутата Орловец поврзува неколку интересни локалитети во околината на Пехчево. Започнува од Барскиот екосистем Езерце во Пехчево и Авантуристичкиот парк во непосредна близина. Се движи низ Пехчево, преку Симин Рид до локалитетот Јудови Ливади каде што се наоѓа ендемичното инсектојадно растение Drossera rotundifolia. Продолжува до врвот Орловец, па преку локалитетот Рудниците и Патеката на Петко […]
-
Погледни местоБеровско Eзеро – Berovo Lake
Види на мапаTуристичкиот локалитет Беровско Езеро се наоѓа на надморска височина од 1.000 m. По должината на брегот се изградени повеќе вили, што можат да се изнајмуваат, прекрасни терени за излет, рекреација и спортови. Со урбанистичкиот план за развој на овој локалитет предвидени се места за изградба на викендички, хотелски комплекси и други рекреативни содржини, притоа водејќи […]
-
Погледни местоТврдина „Градиште“ – Fortress „Gradiste“
Види на мапаВо селото Град, лоцирано на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Откриените археолошките остатоци сведочат за постоење на една голема, во поширокиот регион најзначајна населба која егзистирала од праисторијата, па до денес. Од времето на неолитот, пронајдени се вредни археолошки предмети како стилизирана женска фигура од печена земја, […]
-
Погледни местоПланината Влаина – The mountain Vlaina
Види на мапаПланината Влаина припаѓа во групата средно високи планини. Се протега по должината на границата со Бугарија, од нејзината северна страна од превалот Црна Скала, која претставува и граница со Осоговските Планини, кон југоисток во потег од 40 km. Се издигнуваат неколку карактеристични врвови како Острец, Китка, Обел и Кадиица. Највисок врв е Кадиица, со височина […]