Водопад “Скокото”
Скокото е третиот водопад кој се наоѓа на самата река Брегалница веднаш по спојувањето на Љутачка и Ж’тачка Река. Водопадот е висок околу 7 m и располага со големо количество вода. До самото место води уредена пешачка патека со должина од околу 1500 m.Водопадите се пристапни, означени со добра сигнализација и инфо-табли. Целиот простор е убаво уреден, во прекрасна планинска област со густи шуми и чист воздух.