Спиковски Водопади

Следејќи ја долината, прв е Спиковски водопад на Спиковска Река, десната притока на Брегалница. Кон водопадот висок 8 m, води добро уредна пешачка патека долга 500 m, со поставени летниковци и клупи за одмор.
Иако долго време не била позната нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. Сите водопади изобилуваат со планинска убавина. Водопадите се пристапни, означени со добра сигнализација и инфо-табли. Целиот простор е убаво уреден, во прекрасна планинска област со густи шуми и чист воздух.

Види повеќе
Оди најгоре