Планина “ГОЛАК” – Делчево
Планината Голак се наоѓа во североистичниот дел на Македонија на десетина километри од државната граница со Р. Бугарија. Највисоката точка е врвот Чавка со 1.536m надморска височина на кого се надоврзуваат сите останати ридови. Мистичноста на планината се крие во легендата за Голак..Во нејзиното подножје лежат четири општини: Делчево, Берово, Пехчево и Виница со вкупно 51 населено место.
Планината Голак ги зафаќа површините западно од Делчево и источно од Виница. По вододелницата на оваа планина се протега и административно територијалната граница помеѓу општините Делчево и Берово. Источните и северо источните падини од планината Голак кои гравитираат кон Делчево припаѓаат кон општина Делчево, а западните и северозападните падини кои гравитираат кон р.Осојница припаѓаат кон општина Виница.
Планината Голак по својот релјеф е ридско планинско подрачје со многубројни реки, долови и суводолици, со стрмни и благи падини. Како главен и највисок врв се јавува “Чавка“(1.536 м.н.в). Се издвојуваат и “Стамболиска чука“ (1.319 м.н.в), Стенче (1.176 м.н.в) од каде се расчленува во правец кон југоисток “Стенче“-“Широчница“-р.Брегалница.
Орто релјефот е ридско-планински испресечен со релативно поголем број на помали реки, долови и суводолици кои се влеваат во Брегалница. Сите водотеци на Голак се влеваат воглавно во реката Брегалница која е дел од Егејското сливно подрачје.
На планината се изградени следните капацитети:
- - Детско одмаралиште со. kапацитет од 180 легла
- - 5 вили на локални фирми, со вкупен капацитет од 60-70 легла
- - неколку приватни кампови
- - зграда на ШС ПЕ Голак
- - терени за фудбал, кошарка и одбојка
- - Планинска велосипедска патека
- - Патека на билките
- - Детска едукативна патека
Види повеќе
[wonderplugin_slider id="13"]