Општо за регионот

Територијата на микро регионот „Малеш – Пијанец“ е целокупната територија на општините Берово, Делчево и Пехчево.

Микро регионот „Малеш – Пијанец“ се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, и е составен дел на Источниот плански регион кој е еден од 8-те плански региони во Македонија.

Територијата на ЛАГ-от се простира во Малешевската котлина и областа Пијанец. ЛАГ-от се простира на површина од 1228 km2, а во него живеат околу 37 171 жители. Просечната густина на населението е 30 жители/ km2.

Со својата местоположба на запад се граничи со општините Македонска-Каменица, Виница и Радовиш, на југозапад се граничи со општина Василево, на југ со општините Босилево и Ново Село, а на исток со Република Бугарија.

Според категоризацијата на рурални подрачја и населени на РМ и методологијата на ОЕЦД територијата на микро регионот, е рурална. Просечниот број на жители на километар квадратен на вкупната територија изнесува околу 30 жители. Доколку се иземе популацијата и површината на градовите Берово, Делчево и Пехчево, оваа бројка е уште подрастична. Заклучокот кој може да се изведе од овие податоци е дека подрачјето е слабо населено и од рурален карактер по однос на големината на површината на територијата, иако е забележана голема концентрација на жители во неколку населени места (Берово, Делчево и Пехчево).

Територијата на микро регионот „Малеш-Пијанец“ е природна географска целина и кохерентна територија во однос на поставеноста и компактноста на населените места. Имајќи ги во предвид природните карактеристики, руралните активности и потенцијалите за развој на овој регион.

 

 

 

Види повеќе
Оди најгоре