Врв Кадиица, Влаина – Peak Kadiica, Mountain Vlaina

 Планината Влаина припаѓа во групата средновисоки планини. Се протега по должината на границата со Бугарија, од нејзината северна страна од превалот Црна Скала, која претставува и граница со Осоговските Планини. Кон југоисток, во потег од 40 km, се издигнуваат некоклу карактеристични врвови како Острец, Китка, Обел и Кадиица. Планинските падини се стрмни, особено на западната страна, над 1.200 m височина.  Највисок врв е Кадиица, со 1.932 m, а во неговото подножје е изворот на Пехчевска Река. Врвовите, како и самото планинско било (долго 15 km), се заоблени, слабо изразени и оголени. Сепак, од нив се протега широк видик кон Малешевско-пијанечката Котлина на запад, кон Осоговските Планини на север, а особено спектакуларен е погледот кон планините Рила и Пирин, како и кон Благоевградската Котлина на исток во Република Бугарија. Поради прекрасниот видик, Кадиица е честа маршрута на планинарите и љубителите на природата. Пониските делови изобилуваат со шуми, а повисоките се прекриени со ниска вегетација и планински пасишта, како и разновидни лековити билки и диви шумски плодови (бобинки, печурки и сл).

 

 The mountain Vlaina belongs to the group of medium-high mountains. It extends along the border with Bulgaria, on its northern side of the crossing Crna Skala, which is also a border with the Osogovo Mountains. Тowards southeast, with a length of 40km, several specific peaks rise up, such as the peaks Ostrec, Kitka, Obel, and Kadiica. The mountain slopes are steep, especially on the west side, at an altitude above 1,200m. The highest peak is Kadiica, with a height of 1,932m, while the spring of the river Pehchevska is located at its foot. The peaks, as well as the mountain ridge itself (15km long) are rounded, poorly expressed, and bare. Nevertheless, a wide view extends from the mountain to the Maleshevo-Pijanec Valley to the west, to the Osogovo Mountains to the north, while the view of the mountains Rila and Pirin is quite spectacular, same as the Blagoevgrad Valley to the east, in the Republic of Bulgaria. Due to the beautiful view, Kadiica is a common route of mountaineers and nature lovers. The lower parts are abundant with forests, and the higher parts are covered with low vegetation and mountain pastures, as well as various medicinal herbs and wild forest fruits (berries, mushrooms, etc.).

Види повеќе
Оди најгоре