Врв Ченгино Кале, Езеро Орлови очи – Peak Chengino Kale, Eagle eyes Lake

 Ченгино Кале (или Калето) на Малешевските Планини, на самата граница со Република Бугарија, е најисточната месност на Република Македонија. Височина на врвот изнесува 1.752 m.  Граничната линија на овој простор, во должина од 12 m поминува преку мало природно езерце. Езерцето е со меридијански правец, во должина од 40 m, површина од 310 m2 и длабочина до 0,7 m.

Тоа, всушност, е единственото езеро преку кое поминува македонско – бугарската граница. Значи, доколку се земе во детали, најисточната точка во Република Македонија е за 95 m поисточно од врвот Ченгино Кале, а на исток од овој врв се наоѓа површина од нашата држава од 15.365  m2.

 Chengino Kale (or Kaleto), located on Mountains Maleshevski , at the very border with the Republic of Bulgaria, is the easternmost  locality of the Republic of Macedonia. The Chengino Kale is 1,752m high. The border line in this area goes through a small natural pond, which is 12m long. The pond has a meridian direction and it is 40m long, coversan area of ​​310 m2 and is 0.7m deep.

Actually, this is the only pond on the Macedonian-Bulgarian border. So, if we are interested in details, the easternmost point in the Republic of Macedonia is 95m east from the peak Chengino Kale, and east of this peak, there is an area of our country of 15,365m2.

Види повеќе
Оди најгоре