Тврдина „Градиште“ – Fortress „Gradiste“

 Во селото Град, лоцирано на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Откриените археолошките остатоци сведочат за постоење на една голема, во поширокиот регион најзначајна населба која егзистирала од праисторијата, па до денес. Од времето на неолитот, пронајдени се вредни археолошки предмети како стилизирана женска фигура од печена земја, енолитска куќа со огниште и керамички садови (5500 год. п.н.е). На истиот локалитет регистрирани се наоди кои сведочат за континуитетот на живеење низ бронзеното време, железното време, римскиот период, доцната антика, како и средниот кога било изградено и обновено утврдувањето од кое дел може да се види и денес – три кули и дел од фортификацијата кои се конзервирани. Пронајдени се голем број на монети од римскиот период и рановизантиско време, керамика од сите периоди,  а откопани се и голем број на питоси, бронзени крстови и многу други артефакти.
Дел од артефактите, како и макета од конзервираните кули можат да се видат во археолошката поставка сместена во Центарот за култура, во Делчево.

 In village Grad, located a few kilometres from the national road Delcevo – Berovo there is an archaeological site called “Gradiste”. Excavated archaeological remains testify to the existence of a large, the most important settlement region-wide which existed from prehistoric times, until today. From the Neolithic era, valuable archaeological objects are found such as stylized female figure from the baked soil, enolithic house with fireplace and ceramic pots (5500 BC). At the same site some other findings are recorded that attest to the continuity of life through the Bronze Age, Iron Age, during the Roman period, late antique and medieval century when the fortress was built and rebuilt to the fortress which can be seen today – three towers and part of fortress are conserved. Many coins were found from the Roman period and Early Byzantine times, ceramics from all periods, and a number of pitos fragments, bronze crosses and other artefacts are unearthed.

Part of the artefacts and the model of canned towers can be seen in the archaeological setting located in the Cultural Center in Delcevo.

Види повеќе
Оди најгоре