Туристичка населба Абланица – Tourist settlement Ablanica

 Туристичката населба Абланица е една од поголемите туристички локалитети во регионот. Локалитетот располага со околу 150 викенд куќи, а дел од нив нудат сместување за туристите.

Туристичката населба Абланица има најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во Oпштината Берово. Новоизградената црква Св. Недела и Св. Петка е со фрескопис и иконостас, изработени од локални уметници.

Абланица е поврзана и со туристичката населба Равна Река во Општината Пехчево, преку пешачка патека долга  4 km, а во еден дел од патеката поминува и пеашачката патека Берово – Абланица – Беровско Езеро, која се наоѓа на надморска височина од 891 до 1.078 m.

Околните ливади и шуми изобилуваат со лековити билки и шумски плодови, кои, во зависност од периодот на вегетација, се собираат од пролет до доцна есен.

 The tourist settlement Ablanica is one of the largest tourist localities in the region. The locality has approximately 150 weekend cottages, and some of them offer accommodation for tourists.

The tourist settlement Ablanica has the largest number and the most attractive archaeological sites in the Municipality of Berovo. The newly built church Saint Nedela and Saint Petka is with fresco painting and an iconostasis made by local artists.

Ablanica is also connected to the tourist settlement Ravna Reka in the Municipality of Pehchevo with a walking trail that is 4km long, and a part of the trail connects with the walking trail Berovo – Ablanica – Berovo Lake, which is located at an altitude from 891 to 1,078m.

The surrounding meadows and forests are abundant with medicinal herbs and forest fruits, which, depending on the period of vegetation, are collected from spring to late autumn.

Види повеќе
Оди најгоре