Црква „Свети цар Константин и царица Елена“ во село Разловци

 Црквата „Свети цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци е изградена во 1850 година, но според мештаните оваа црква е уште постара. Карактеристично за црквата е што има фреска на која е претставен ликот на поп Стојан, предводник на Разловечкото востание, кој оставил длабоки траги во историјата на овој крај, но и Републиката. Интересно е што за портата на црквата биле изработени два големи клуча, а со едниот од нив и ден денес се отвара оваа црква.
Селото Разловци, во кое се наоѓа оваа црква, е со големо историско значење за македонскиот народ. Познато е по Разловечкото востание од 1876 год. кое иако било неуспешно претставува прва поорганизирана и политички осмислена манифестација на вооружен отпор против турската власт во Македонија.

Тоа е село од збиен тип со релативно зачувана селска архитектура. Сместено е во многу убава природа и е погодно за развој на селски туризам. Во близина на селото се наоѓаат и познатите свети извори, покрај реката Брегалница. Посебно обележје на селото се колибите каде што селаните ја чуваат стоката и ги складираат плодовите од земјоделието.

 Church of St. King Constantine and Empress Helena in the village Razlovci was built in 1850, but according to local people this church is even older. The most prominent feature of the church is a fresco which depicts the image of priest Stoyan, head of Razlovci uprising, who left deep traces in the history of this region, and the Republic. It is interesting that two big keys were made for the gate of the church, and one of them serves for opening the church even today.

Razlovci village, where the church is located, is of great historical significance for the Macedonian people. Famous for its Razlovci uprising of 1876 that although was unsuccessful, it was the first relatively organized and politically shaped manifestation of armed resistance against the Turkish rule in Macedonia.
This village is dense with relatively preserved village architecture. It is located in a beautiful nature and is suitable for development of rural tourism. Near the village are the famous and sacred springs, along the river Bregalnica. Special feature of the village are the huts where the villagers keep cattle and store the agricultural products.

Види повеќе
Оди најгоре