Црква Св.Петар и Павле

 Црквата Св.Петар и Павле е резултат на старата пехчевска црква која била изградена во 1856 година, со посебно одобрение од тогашните турски власти. Надворешните ѕидови биле од ситен камен донесен од Валевичка река, а за внатрешните столбови камен донесен од Брезница и од Равно Борје.Оваа црква е градена исклучиво со прилози од месното население.

Во 1978 година, со решение на Општинското собрание, старата црква е урната, а на нејзино место веднаш е подигната нова и модерна. Оваа црква денес е една од најубавите во Македонија. Изградена е со здружени средства од работните организации, средства од Месната заедница, средства од Брегалничката епархија и црковни средства. Осветена е на 9 Октомври 1988 година.

Целиот иконостас, фреските и останатите икони од старата се пренесени доста успешно во новата црква.

До старата црква било изградено и училиште кое е срушено од земјотресот во 1904 година. Денеска на местото на училиштето е изграден административен дел на црквата во кој се наоѓа и просторијата за крштевање. Во просторијата за крштевање е направен и мозаик со размери (8м2). Мозаикот е направен од природни тесари (камчиња) во рано христијански стил, неизневерувајќи ги ранохристијанските традиции. Поточно, мозаикот е симболична представа на рајот или едемската градина која е представена со флорни и животински мотиви. Всушност тоа е и првиот ранохристијански мозаик од понаовата историја на Македонија која представува и едно од позначајните културни знаменитости во општината.

 The church of St. Peter and Pavle is a result of the old church in Pehchevo which was built in 1856, with the special approval of the Turkish authorities at that time. The exterior walls were constructed of fine stone brought from the Valevichka River, while for the inner pillars, from Breznica and Ravno Borej. This church was built exclusively with contributions from the local population.

In 1978, with the decision of the Municipal Assembly, the old church was demolished, and a new and modern оne was immediately constructed at its place. Today this church is one of the most beautiful in Macedonia. It was built with funds from working organizations, local community funds, funds from the Bregalnica diocese and church funds. The church was dedicated on October 9, 1988.
 
All the iconostasis, frescoes and other icons from the old one have been successfully transferred into the new church.
 
Next to the old church, a school was built, which was later destroyed by the 1904 earthquake. Today the administrative part of the church has been built on the site of the school, where the christening room is located as well. In the christening room, a mosaic of 8m2 is also made. The mosaic is made of natural tesserae (pebbles) in an early Christian style, not betraying the early Christian traditions. In particular the mosaic is a symbolic representation of the paradise or the Garden of Eden, represented by floral and animal motifs. In fact, it is also the first early Christian mosaic of the recent history of Macedonia, which represents one of the most significant cultural monuments in the municipality.
Види повеќе
Оди најгоре