Св.Петка Параскева

Црква "Света Петка Параскева" — црква во селото Селник. Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура на Република Македонија. Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочи. Градена е од кршен камен и вар. Над влезната врата има ниша со фреска на која е прикажана Света Петка.

Внатрешноста на црквата е зографисана. Ја живописал Јо(ван) Комнов, најверојатно во третата деценија на XII век. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот алински манастир „Св. Спас“ во Бугарија (1626).[4] Во сликаната програма се вклучени локалните пустиножители Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоан Рилски. Фрескоживописот се состои од три слоја, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, додека следниот од XVI век, односно од времето на архиепископот Прохор Охридски. Натписите се словенски и сведочат за продолжувањето на словенската култура во време на отоманското владеење. Целата црква е живописана, но голем дел од фреските се оштетени. Иконостасот со царските двери и иконите биле изработени во 1906 година од страна на зографот Гаврил.

Види повеќе
Оди најгоре