Сместување

"Гранит" или во Делчево

Сместување може да побарате во хотелот "Гранит", кој располага со 10 соби, главно трикреветни. Во секоја соба има тоалет и туш и - телевизор (во непосредна близина има репетитори на "Македонска радиодифузија"). Хотелот се затоплува со сопствено парно греење и има ресторан, кој нуди добар избор на јадења и скара. Ако до Делчево стасате со автобус, такси-превозот до Голак ќе ве чини околу 250 денари.

Ако решите на Голак да направите само неколку часовен излет и одлучите да се сместите во Делчево, ќе си поминете убаво во гратчето што постоело во времето на Византија, кога го нарекувале Василево, или "Царево село". Првпат се споменува во една повелба на српскиот цар Душан од 1347 година, кога тој на манастирот од Лесново му доделил земјиште во Пијанец. Во турско време Делчево го носело и името Султанија. Во Делчево може да се сместите во хотелот "Македонија" и во мотелот "Кула". Хотелот "Македонија", со 72 легла, е лоциран во центарот на градот.

Освен во "Македонија", може да престојувате и во мотелот "ТРЛО", кој располага со шест двокреветни соби и еден апартман, како и голем избор на приватни сместувачки капацитети.

Види повеќе
Оди најгоре