Петлец

Врв Петлец Локалитетот Петлец е оддалечен 12км од Берово, во близина на Русиново на оддалеченост 7 км од селото. На ова место, во срцето на Малешевските Планини во 1906 година згасна животот на Дамјан Груев, еден од најголемите македонски револуционери, визионер и борец за самостојна и независна Македонија.

Во негова чест секоја година, викендот пред 23ти Декември, денот на неговото загинување во нерамноправна борба со турскиот аскер, се организира традиционален марш „По врвиците на Војводите“ од с.Русиново до врвот Петлец.

Види повеќе
Оди најгоре