Патека на петко

Патеката на Петко на планината Голак е кратка, но живописна пешачка патека со вкупна должина од 1 km. Тоа е едукативна патека, која има за цел да овозможи интерактивно учење за природата и биолошката разновидност во брегалничкиот регион.

Поставена е во највисоките делови на планината, на надморска височина од 1375 m до 1400 m, односно висинска разлика од само 25 метри. Главно поминува низ густа шума, со уникатен шумски биодиверзитет. Во првите 300 m, патеката се спушта, потоа води речиси хоризонтално, за на крај пак да се искачи и да се поврзе со стартното место. Попатно се наидува на неколку извори и чешми, со студена и кристално бистра планинска вода. Долж патеката се поставени информативни табли и интерактивни алатки за едукација во природа.Мирисот на шумата, свежиот и чист воздух, бистрата изворска вода, звукот на природата, едноставно ќе ве релаксираат во оние 20-тина минути колку што е потребно да ја поминете патеката. Верувајте, кога ќе ја завршите обиколката, ќе се чувствувате како „нови“ (или целосно регенерирани).

Види повеќе
Оди најгоре