Очипалска пештера – Ochipalska cave

 Во близина на градот Делчево има неколку мали варовнички ридови во кои се создадени кратки пештери. На североисток од Делчево се  наоѓа  пештера, која месното население ја нарекува Очипалска Пештера. Влезот на пештерата е тесен, но висок. Затоа, пак, во неа живеат лилјаци, птици, инсекти и сл. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка смисла е доста „млада“, најверојатно не постара од 20-40 илјади години.  Очипалска Пештера е интересна по својата положба, имајќи предвид дека во овој краен источен дел на Македонија, карстни форми и типични пештери се вистинска реткост. Пештерата најчесто е посетена од ентузијасти од Република Македонија, т.е од членови на планинарски здруженија, но не и од научната јавност.

 

 In the vicinity of the town of Delchevo there are several small lime hills where short caves have been created. The Ochipalska Cave, as it is called by the local population, is located northeast of the town of Delchevo. The entry to the cave itself is narrow but high, and there are a lot of bats, birds, insects, etc. According to the shape and its characteristics, in geological sense, the cave is quite “young”, probably not older than 20-40 thousand years. Ochipalska Cave is interesting because of its position, having in mind that karst forms and typical caves are a true rarity in this eastern part of Macedonia. The cave is most often visited by enthusiasts from Macedonia, that is, by mountaineers, but not by the scientific people.

Види повеќе
Оди најгоре