Музеј во Делчево

За првпат археолошко-етнолошката збирка е отворена на 19.11.2001 година како тематска изложба- “ Пијанец од праисторијата па до денес”.
Археолошкиот дел од музејот содржи предмети од неолоитот (5.000 год п.н.е) па се до доцниот среден век
(14 век од н.е). Вклучува предмети изработени од керамика, камен, метал и стакло. Предметите се од различи типови и се со различна намена. Има предмети за секојдневна употреба (садови, алати и орудија), предмети со религиозно-обредна функција, украсни предмети и педмети за стоковно-парична размена. Вкупен број на предмети е 158. Предметите во етнолошата збирка потекнуваат од периферијата на Р.Македонија, поточно од Пијанечкиот крај, но одредени предмети потекнуваат и од други делови на Балканот кои се донесени по пат на трговска размена.Вкупен број на предмети 135.
Предметите во збирката се набавени по пат на откуп и по пат на размена. Збирката на етнолошки предмети кои биле во секојдневна употреба во домашниот живот. Самата збирка е со мешовит карактер, која во себе содржи предмети изработени од текстил, дрво, метал и керамика. Поголемиот број на предмети се рачно изработени во домашни работилници, што претставува сведоштво на технолошкиот развој и уметничкото творештво на лугето кои твореле и живееле на овој крај. Одлуката за отворање на локален музеј на град Делчево е донесена на седница на советот на Општина Делчево на ден 08.10.2007 година.
После тоа испратено е барање до министерството за култура за основање на музеј.Музејот е регистриран како историски и природно-научен. Во иднина се планира да голем дел од палентолошките истражувања (скелет од жирафа ) да станат дел од локалниот музеј

Види повеќе
Оди најгоре