Маршрута Орловец – Оrlovec itinerary

 Маршрутата Орловец поврзува неколку интересни локалитети во околината на Пехчево. Започнува од Барскиот екосистем Езерце во Пехчево и Авантуристичкиот парк во непосредна близина. Се движи низ Пехчево, преку Симин Рид до локалитетот Јудови Ливади каде што се наоѓа ендемичното инсектојадно растение Drossera rotundifolia. Продолжува до врвот Орловец, па преку локалитетот Рудниците и Патеката на Петко и шумските жители – Пехчевска авантура оди до Едукативниот центар за зачувување на природата во селото Негрево. Потоа, преку локалитетот Елата, се враќа во Пехчево. Должината на патеката е околу 12 km и поминува низ пасишта, ниска вегетација и шумски предели.

 The itinerary of Orlovec connects several interesting localities in the surrounding of ​​Pehchevo. It starts from the pond ecosystem Ezerce in Pehchevo and the Adventure park in the immediate vicinity. It runs through Pehchevo, through Simin Rid to the locality Judovi Livadi, which is the habitat of the endemic carnivorous plant sundew (Drossera rotundifolia). It continues to the peak Orlovec, and through the locality Rudnicite and the Trail of Petko and the Forest Inhabitants – Pehchevo Adventure it reaches the Educational Centre for Nature Preservation in the village of Negrevo. Then through the locality Elata it returns to Pehchevo. The path is approximately 12km long, it passes through pastures, low vegetation, and forest areas.

Види повеќе
Оди најгоре