Манастир “Св.Архангел Михаил”, Берово – Monastery of the Holy Archangel Michael, Berovo

 Манастирот Свети Архангел Михаил е изграден во 1818 година помеѓу две стари цркви: Свети Ѓорѓи од десната страна на околу стотина метри, на чие што место денес постои оброчиште, и Света Богорогица од левата страна, на влезот во Брегалничката Клисура, на местото каде што во 18 век се наоѓало Берово. Начинот на кој што е изграден манастирот е врзан со легенда која беровчани со гордост ја прераскажуваат.

Црквата со голем трем, изградена во архитектурен опус од XIX век, доминира во манастирскиот двор. Во нејзината внатрешност ликовите на светителите се насликани во карактеристичен стил што отстапува од византиските канони. На иконостасот, што го дели олтарот од средниот дел, се вградени 10 таканаречени царски икони со врвен уметнички дострел. Во својот најголем подем манастирот броел и до шеесет монахињи (калуѓерки) со развиена богата економија, богословско училиште, ткајачница.

На јужната, западната и северната страна од црквата се сместени конаците во кои живеат монахињите. Конаците се изградени во чиста малешевска стара архитектура на приземје, со вкупно 16 соби и површина од 560 m2. Со активностите на манастирот тесно се поврзани Разловечкото (1876) и Кресненското востание (1878).

Манастирот е пристапен и отворен за духовните потреби на секој добронамерен посетител.

 The monastery of the Holy Archangel Michael was built in 1818 between two old churches: Sv. Gjorgji / St. George on the right, located at about one hundred metres, where services are held today, and the church Sv. Bogorodica / Holy Mother of God on the left, of the entrance of the Bregalnica Gorge, the site where Berovo was in the 18th century. There is a legend about the building of the monastery, and the citizens of Berovo are full of pride to tell it.

The church with a large porch, built in the architectural work of the XIX century, dominates in the monastery’s yard. In its interior, the paintings of the saints are painted in a characteristic style that deviates from the Byzantine canons. At the iconostasis, which divides the altar from the middle part, there are embedded 10 so-called imperial icons, painted with great artistic skills. At the time when it was at its rise, there were up to sixty nuns living in the monastery, it had developed rich economy, theological school and a weaving room.

The accommodations are on the south, west and north side of the church where nuns reside. They are built in old, Maleshevija architecture style on the ground floor, with a total of 16 rooms and an area of ​​560 m2. The activities of the monastery are closely related to the Razlovechko (1876) and the Kresnensko Uprising (1878).

The monastery is accessible and open to the spiritual needs of every well-intentioned visitor.

Види повеќе
Оди најгоре