Манастир “Пресвета Богородица”

Црквата Пресвета Богородица започнала да се гради во 1972, а била завршена во 1975 година. Изградена е во стилот на византиско-македонските цркви од среден век. Манастирот е машки, а типикот на манастирот е исихастички. Во близина на манастирската се наоѓала друга, постара црква, која што била разрушена, а иконите од неа били пренесени во новата црква.

На 28 август православниот христијански народ го прославува празникот Успение на Пресвета Богородица. По тој повод, секоја година, Берово е домаќин на црковно народниот собир кој што се организира во манастирот Пресвета Богородица - Источен Петок. На 28 август во Берово доаѓаат луѓе од сите краеви на Македонија и пошироко, чиј што број достигнува до 15.000. Во манастирот жителите на градот-домаќин организираат масовна прослава во чест на празникот, при што секој од посетителите - поклоници, оддава почит на Богородица и учествува на народната трпеза. На тој начин се продолжува традицијата, која трае веќе десетина векови.

Види повеќе
Оди најгоре