Рекреативната велосипедска патека „Илин Камен“

Рекреативната велосипедска патека „Илин Камен“ е долга 5 km и ги поврзува градот Делчево со локалитетот „Илин Камен“.

Излегувајќи од Делчево на околу 600 m надморска височина, патеката првин минува по ридест терен до с.Ѕвегор, а од тука постепено се искачува до 880 m надморска височина кај Илин Камен. Според тоа, висинската разлика е 280 метри, што на должина од 5 km значи релативно мал наклон, без нагли успони и спуштања. Затоа е погодна за рекреативен велосипедизам, но и за пешачење во природа. Патеката е поплочена со цврста подлога – бехатон, а има и осветлување, што значи дека може да да се користи и ноќе. На повисоките делови, над с.Ѕвегор има одлични панорамски позиции со поглед кон околните планини, долината на Брегалница и Пијанец.Едноставно, создадена за уживање и релаксација.

Види повеќе
Оди најгоре