Патеката на Петко и шумските жители

Патеката на Петко и шумските жители – пехчевска авантура е едукативна пешачка патека наменета главно за ученици, но и заинтересираните вљубеници на природата.

Патеката е во функција на подобро запознавање и зачувување на биодиверизитетот на овој простор. Таа почнува од Едукативниот центар во село Негрево, а завршува кај локалитетот „Јудови Ливади“, каде вирее инсектојадното растение муволовка. На крајот на патеката има летна училница во природа. Инаку, вкупната должина и изнесува околу 4 km и се поминува за 2 часа. Долж патеката има поставено едукативни табли со информации за карактеристиките на одредени растителни и животински видови од брегалничкиот регион. Преку учењето во природа на сите учесници им се доближуваат теми од биодиверзитетот, животната средина и природата, како и нивна заштита. Минувајќи ја патеката на Петко и шумските жители, не само што ќе уживате во убавата природа, туку ќе дознаете нови и интересни нешта.

Види повеќе
Оди најгоре