Мелови кај с. Црник – Melovi near the village of Crnik

 МЕЛОВИTE КАЈ с. ЦРНИК се многу интересни геоморфолошки форми со амфитеатрален изглед, кои кон подножјето се стеснуваат, па наликуваат на пресечена инка.

Станува збор за 10-ина мелови кои се наоѓаат на околу 1 km, односно 15 минути одење спротиводно (југоисточно) по Црничка Река, над с. Црник. Тие имаат значителна височина на ерозивниот отсек до 80 m, а пречникот им е до 300 m. Тоа, на некои отсеци им дава импресивен изглед, а движењето и набљудувањето покрај работ на отсекот се возбудливи и полни со адреналин. Меловите се хоризонтално слоевити, изградени во неотпорни седиментни карпи (песоци, песочници, глини), наталожени во некогашното Пијанечко Езеро, кое постоело до пред милион години. Затоа и боите на отсеците варираат од сивкава, жолтеникава, црвеникава до кафеава. Страните се интересни и по длабоките бразди, долчиња, ендеци и мали земјени пирамиди.

Во однос на постанокот, меловите се формирале со претерана, вековна дождовна ерозија на оголени, слабо отпорни седиментни слоеви. Во тој процес, своја улога имал и човекот, кој во минатото уништил добар дел од природната вегетација на овој простор. Освен во фасцинантните мелови, овде може да уживате и во чистиот воздух, убавината на селото Црник и во љубезноста на локалното население.

 MELOVI (BADLANDS) NEAR THE VILLAGE OF CRNIK are very interesting geomorphological forms that look like amphitheatre which narrows at the foot of it, so that they resemble a cut funnel.

There are around ten badlands located at about 1 km or 15 minutes of walking upstream (southeast) of the river Crnichka Reka, above the village of Crnik. The badlands have a significant height at the erosive section up to 80m, and their diametre is up to 300m. This gives some of sections impressive look, and moving and observing along the edge of the section is exciting and full of adrenaline. The badlands are horizontally layered, built of resistant sediment rocks (sandstones, clay), deposited in the Pijanec Lake which existed until one million years ago. Therefore, the colours of the sections vary from grayish, yellowish, reddish to brown. The sides are also interesting because of the deep grooves, trenches, and small earth pyramids.

Regarding their creation, the badlands formed with excessive, centuries-old rainfall erosion, not very resistant sedimentary layers. Man also brought to this process, because, in the past, he destroyed a large part of the natural vegetation of this area. In addition to the fascinating badlands, here you can enjoy the clean air, the beauty of the village, of Crnik and the kindness of the local people.

Види повеќе
Оди најгоре