Илин Камен

Илин Камен е локалитет кај с. Ѕвегор, на левата (северна) страна од патот кон Бугарија, на околу 200 m оддалеченост од патот. Тоа е карпест блок висок околу 2 m, со мал отвор во средишниот дел настанат со ерозија.

Според легендите, во времето на Османлиите во близина живеела некоја убава девојка Илина, која посакала да се скамени само да не ја грабнат тираните. Така настанал Илин Камен. Поради верувањата во моќта на каменот, овде доаѓаат многу неротки кои се протнуваат низ отворот во карпата.Освен легендите за ова место, секој занемува и од прекрасната недопрена природа која го краси овој простор. Така, веднаш под патот кај Илин Камен е манастирот Св. Илија со прекрасна околинапокрај Звегорска Река, а во околината има повеќе археолошки остатоци. Самиот локалитет Илин Камен е уреден за посета и располага со одличен панорамски видик.

Види повеќе
Оди најгоре