Езерото Сандански

Езерото Сандански е мало вештачко езерце кое се наоѓа 3 km јужно од Делчево, непосредно до реката Брегалница и до регионалниот пат за Берово.

Има неправилна елипсеста форма со најголема должина од 205 m, широчина од 145 m и површина од 2 хектари. Бреговата линија му е многу разгранета и долга дури 1100 m, со 2 мали острови и полуострови, како и неколкузаливи кои се многу атрактивни. Просечната длабочина на езерото е околу 2-3 m, а максималната е 12 m. Со вода се храни од неколку извори. Чистата вода овозможила да бидепорибено со крап, лињак, клен, амур, бојник, белвица и мрена. Поради тоа, најчесто доаѓаат делчевските риболовци, меѓутоа и риболовци и други посетители од разни делови на Македонија, па и од странство. Околината на езерото е одлично уредена, со маси, клупи за одмор, патеки, дрвени мовчиња и мала зоолошка градина во која има припитомени срни, потоа пауни, ноеви, биволи, патки, коњи и други животни. Сето наведено го прави езерото Сандански одлично место за посета, пикник, релаксација и уживање.

Види повеќе
Оди најгоре