Езерото Лошана

Езерото Лошана е мала вештачка акумулација на источните падини на Голак, 10 km јужно од Делчево и 5 km југозападно од селото Тработивиште.

До езерцето се доаѓа по асфалтниот пат од с.Тработивиште кон с.Разловци, при штона 2 km по с.Тработивиште се исклучува кон десно (запад) по солиден макадамски пат. Самото езеро е на 820 m надморска височина. Долго е 750 m, широко до 250 m, а најголемата длабочина му изнесува 35m. Формирано е со преградување на реката Лошана со камено-насипна брана, а водата е наменета главно за наводнување. Со оглед на разгранетиот брег, густата околна шума и преубавата зеленикава боја на езерската вода, постојано се зголемува бројот на авантуристи што сакаат да ја видат оваа задскриена убавина. Некои доаѓаат и заради риболов, бидејќи водата е многу чиста, а акумулацијата богата со риба. Сето тоа, заедно со прекрасниот поглед и чистиот планински воздух, ќе ве опушти и ќе ви ги магепса сите сетила, поради што набрзо ќе сакате да дојдете повторно.

Види повеќе
Оди најгоре