Едукативниот центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион

Едукативниот центарза зачувување на природата во Брегалничкиот регион се наоѓа во с.Негрево, на 1,5 km северно од Пехчево.

Истиот е изграден со цел младите од регионот и пошироко да имаат можност директно и практично да се запознаат со природните богатства и биолошката разновидност што ги има во Брегалничкиот регион и реката Брегалница како најзначаен хидрографски ресурс во него.Преку современ и иновативен пристап, може да се научи повеќе за својата околина. За таа цел, едукативниот центар може да се користи за еднодневни наставни екскурзии, за конференции, предавања и научни собири што се однесуваат на природата, нејзиното зачувување и унапредување.Покрај тоа, во едукативниот центар се организираат и реализираат еко-акции, еко-изложби, едукативни посети и настави во природа на микролокации со специфична биолошка разновидност. Дворот на едукативниот центар е уреден со цел да се користи за едукација на отворено, со неколку целини кои овозможуваат интерактивен пристап во доближувањето на природата кон посетителите.Во самиот објект пак, има библиотека со едукативен материјал. Инаку, селото Негрево е интересно по типичната селска архитектура на овој крај.

Види повеќе
Оди најгоре