Барски еко-систем Езерце

Барски еко-систем Езерце се наоѓа на источната страна на градот Пехчево, во долината на Пехчевска Река. Претставува природна бара во која има специфичен растителен и животински свет.

Самиот простор околу барата е исполнет со природни убавини поради што е ставен во функција на едукација и рекреација на посетителите. Барскиот екосистем „Езерце“ е уреден со едукативни табли за барскиот биодиверзитет, потоа патеки, видиковци, клупи за одмор и рекреација, опрема за детски игри и други интересни содржини.Површината околу барата е хортикултурно уредена со растенија карактеристични за барскиот еко систем, поставена е платформа за набљудување на барата која може да служи и како отворена училница за едукација на целната група ученици и туристи, а целиот локалитет е осветлен со канделабри. Во непосредна близина на езерцето е авантуристичка патека долга 600 m и зип-линија долга 40 m, во кои можат да уживаат посетителите желни за адреналин. Всушност, ќе имате повеќечасовно неповторливо доживување во овој уникатен едукативен и спортско-забавен туристички комплекс.

 

Види повеќе
Оди најгоре