Езеро Калиманци – Lake Kalimanci

 ЕЗЕРО КАЛИМАНЦИ е вештачка акумулација на реката Брегалница во Очипалско-истибањската Клисура и претставува најголемо езеро во источниот дел на Македонија. Езерото е долго 14 km, широко 0,3 km, а максималната длабочина достигнува до 80 m. Зафаќа површина од 4,23 km2 и акумулира 127 милиони m3 вода. Езерото Калиманци е специфично по големата брегова разгранетост. Вкупната должина на бреговата линија му изнесува 40,5 km (при просечен водостој).  Има неколку заливи и полуострови, еден остров – Калата (1,5 ha) и еден микро-остров кај с. Тодоровци (0,2 ha). Најголем залив е Каменичкиот, вовлечен дури 3 km кон градот Македонска Каменица, потоа Луковичкиот и Рибничкиот Залив (0,8 km). Калиманското Езеро настанало со преградување на долината на Брегалница преку изградба на брана во 1969 година. Браната е камено-насипна со глинено јадро, висока 92 m (меѓу највисоките во нашата држава), а долга 240 m.

 

 LAKE KALIMANCI is an artificial reservoir of Bregalnica River in the Ochipalа-Istibanjе Ravine and represents the largest lake in the eastern part of Macedonia. The lake is 14km long, 0.3km wide, and the maximum depth reaches 80m. With its total area of ​​4.23km2, it accumulates 127 million m3 of water. The Kalimanci Lake is specific because of the huge bank sides. The total length of the bank line is 40.5km (at average water line). There are several bays and peninsulas, one island – Kalata (1.5ha) and one micro-island, near the village of Todorovci (0.2ha). The largest bay is the Kamenica Bay, 3km toward the city of Makedonska Kamenica, then the Lukovica and the Ribnik Bay (0.8km). The lake was formed by rebuilding the Bregalnica Valley through construction of a dam in 1969. The dam is filled with stones and its core is made of clay. It is 92m high (and is among the highest ones in our country) and 240m long.

Види повеќе
Оди најгоре