Буковик со врвот Орловец – Bukovik with the peak Orlovec

 Буковик со врвот Орловец (1.723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, според одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански тип. Всушност, како посебна планина ја смета и локалното население. Релјефно, Буковик претставува единствената маркантна вулканска купа во Сасо-торани­чко-пехчевската Палеовулканска Област и во овој краен источен дел на Република Македонија. Пречникот на оваа мала вулканска планина е околу 3,5 km, површината 12,8 km2, а релативната височина 600-700 m. На исток од овој врв, преку плитко седло, Буковик се поврзува со билото на Влаина и нејзиниот највисок врв Кадиица (1.932 m). Јужните и северните падини (кон долините на Пехчевска Река и Желевица) се доста стрмни, додека западните постепено паѓаат кон долината на Негревска Река.

 Bukovik (Orlovec, 1,723m) is a small mountainous hill separated on the west side of the Mountain Vlaina. It spreads north-east of Pehchevo, between the rivers Pehchevska and Zhelevica. Regardless its small dimensions, according to certain morphogenetic characteristic, Bukovik can be considered as a separate micro-mountain of the paleo-volcanic type. Actually, the local population considers it as a separate mountain. According to the terrain, Bukovik is the only remarkable volcanic cone in the paleo-volcanic area of Saso-Toranica-Pehchevo and in this area of the eastern part of the Republic of Macedonia. The diametre of this small volcanic mountain is about 3.5km with area of 12.8km2, and relative height of 600-700m. On the east side of this summit, through a shallow saddle, Bukovik is connected with the ridge of the Mountain Vlaina and its highest peak Kadiica (1,932m). The southern and northern slopes (towards the valleys of the Pehchevska Reka and Zhelevica) are quite steep, while the western slopes are going gradually towards the valley of the river Negrevska.

Види повеќе
Оди најгоре