Беровско Eзеро – Berovo Lake

 Tуристичкиот локалитет Беровско Езеро се наоѓа на  надморска височина од 1.000 m. По должината на брегот се изградени повеќе вили,  што можат да се изнајмуваат, прекрасни терени за излет, рекреација и спортови. Со урбанистичкиот план за развој на овој локалитет предвидени се места за изградба на викендички, хотелски комплекси и други рекреативни содржини, притоа водејќи сметка да не се наруши природната рамонтежа. Во околината на езерото има уредено пешачки патеки кои минуваат низ прекрасни пејзажи, букова и борова шума и може да користат за рекреација. Бреговите на езерото се со бујна вегетација – борова и листопадна шума. На зарамнините се протегаат терени со разнобојни цвеќиња, шумски плодови и разни чаеви. За надополнување на времето за простор и рекреација во езерото постои и можност за спортски риболов. Беровското Езеро има површина од 0,57 km². Браната е изградена во 1970 година со височина од 60 m и e една од најголемите лачни брани во Р. Македонија.

 The tourist site Berovo Lake is located at an altitude of 1,000m. Along the lake there is a large number of holiday houses which can be rented and beautiful fields suitable for picnic, recreation and various sports. With the urban and the development plan of this site, the locations for building holiday homes, hotels and other recreational facilities are planned carefully, taking into account not to disturb the natural balance. In the vicinity of the lake, there are pedestrian paths that run through beautiful landscapes, beech and pine forests which can be used for recreation, too. The lake shore is covered with rich vegetation of pine and deciduous forests. The fields are full of colourful flowers, forest fruits and various tea plants. In order to enjoy the time and space, the lake also offers a possibility of sports fishing. Berovo Lake has an area of ​​0.57km². The dam was built in 1970 and it is 60m high, which makes it one of the largest arch dams in R. Macedonia.

Види повеќе
Оди најгоре