КРАТОК ПРИКАЗ НА ТУРИСТИЧКИТЕ АТРАКТИВНОСТИ И ЛОКАЛИТЕТИ

Во согласност со целта на проектот, во брошурата накратко се претставени 21 локалитет во општините Делчево и Пехчево.Истите се претежно од областа на природното наследство, а покрај објаснување, секој локалитет е проследен и со фотографија. Секако, на овој простор има многу повеќе места и настани да се видат, но оставаме на вас самите да ги откриете. За почеток, запознајте се со следните уникатни места:
  • Патека на петко

    Види на мапа

    Патеката на Петко на планината Голак е кратка, но живописна пешачка патека со вкупна должина од 1 km. Тоа е едукативна патека, која има за цел да овозможи интерактивно учење за природата и биолошката разновидност во брегалничкиот регион. Поставена е во највисоките делови на планината, на надморска височина од 1375 m до 1400 m, односно […]

    Погледни место
  • Велосипедска патека Голак

    Види на мапа

    Планинската велосипедска патека Голак е со вкупна должина од 6800 m и е поставена во највисоките делови на планината. Започнува во непосредна близина на вила „Гранит“ од каде продолжува покрај спортските терени и се искачува покрај вила „Фротирка“. Од овде продолжува до манастирот Св.Пантелејмон, каде на еден мал дел поминува по асфалтен пат. Самиот манастир […]

    Погледни место
  • Патеката на билките на планината Голак

    Види на мапа

    Патеката на билките на планината Голак е едукативна патека која се наоѓа во највисоките делови на планината Голак, околу врвот Чавка (1536 m). Истата има за цел запознавање, зачувување и правилно искористување на природните вредностите на планината Голак. За таа цел се поставени поголем број информативни табли за шумските и растителни формации со посебен осврт […]

    Погледни место
  • Кукуље кај с.Нов Истевник

    Види на мапа

    Кукуље кај с.Нов Истевник е уникатна релјефна појава на падините на ниската планина Бејаз Тепе, речиси на половина пат помеѓу Делчево и Пехчево. До локалитетот се доаѓа преку регионалниот пат Делчево-Берово, при што кај с. Нов Истевник се исклучува од главниот пат и по тесен асфалтен пат се стигнува до самото село. Потоа, по пешачка […]

    Погледни место
  • Кукуље кај с.Тработивиштее

    Види на мапа

    Кукуље кај с.Тработивиштее уште една интересна појава на земјени пирамиди (камени кукли) во областа, штосе наоѓа на 3 km југозападно од с.Тработивиште. До кукуљето се доаѓа преку локалниот асфалтен пат од с.Тработивиште до с.Разловци. Пред с.Разловци се скршнува кон запад, по земјен пат, во правец на акумулацијата Лошана. Потоа се искачува на ридесто возвишение, на […]

    Погледни место
  • Мелови кај с.Црник

    Види на мапа

    Мелови кај с.Црник се многу интересни геоморфолошки форми со амфитеатрален изглед кој кон подножјето се стеснува, така што наликуваат на пресечена инка. Станува збор за 10-тина „мелови“ кои се наоѓаат на околу 1 km односно 15 минути одење спротиводно (југоисточно) по Црничка Река, над с.Црник.Бедленд „меловите“ имаат значителна височина на ерозивниот отсек до 80 m, […]

    Погледни место
  • Коњска Дупка

    Види на мапа

    Коњска Дупка е кратка пештера што се наоѓа кај с.Град, 7 km југоисточно од Делчево. Според досегашните сознанија, таа е најисточната пештера во Република Македонија. Создадена е во варовнички карпи кои се појавуваат на мала површина веднаш покрај селото Град. Влезот се наоѓа во стрмните карпи на левата долинска страна на Вачин Дол и е […]

    Погледни место
  • Киселичка пештера

    Види на мапа

    Киселичка пештера е уште еден природен уникат на Пијанец и со своите 108 m должина, претставува најдолга пештера во овој краен источен дел на Република Македонија. Се наоѓа на7 km северозападно од Делчево, во атарот на селото Киселица. До пештерата се стигнува преку асфалтен пат до селото, а потоа уште 700 m на север по добар […]

    Погледни место
  • Илин Камен

    Види на мапа

    Илин Камен е локалитет кај с. Ѕвегор, на левата (северна) страна од патот кон Бугарија, на околу 200 m оддалеченост од патот. Тоа е карпест блок висок околу 2 m, со мал отвор во средишниот дел настанат со ерозија. Според легендите, во времето на Османлиите во близина живеела некоја убава девојка Илина, која посакала да […]

    Погледни место
  • Вртена Скала

    Види на мапа

    Вртена Скала е карпеста форма со впечатлив изглед, висока околу 5 m. Се наоѓа 4 km источно од Пехчево, во пазувите на Буковик,на десната долинска страна на Пехчевска Река. Низ средишниот дел на карпата има тесенотвор, долг околу 2 m. Кај месното население постои верување дека протнувањето низ карпата им помага на жените кои немаат […]

    Погледни место
  • Пехчевски Водопади

    Види на мапа

    Пехчевски Водопади, се наоѓаат на десетина километри југоисточно од Пехчево, во горниот, изворишен дел на реката Брегалница. Реката овде е длабоко всечена помеѓу планината Влаина на север и Малешевски Планини на југ, така штона некои места има кањонест изглед. Токму тука се создале5 поголеми водопади и бројни каскади на Брегалница и нејзините притоки, каде чистата […]

    Погледни место
  • Езерото Сандански

    Види на мапа

    Езерото Сандански е мало вештачко езерце кое се наоѓа 3 km јужно од Делчево, непосредно до реката Брегалница и до регионалниот пат за Берово. Има неправилна елипсеста форма со најголема должина од 205 m, широчина од 145 m и површина од 2 хектари. Бреговата линија му е многу разгранета и долга дури 1100 m, со […]

    Погледни место
  • Езерото Лошана

    Види на мапа

    Езерото Лошана е мала вештачка акумулација на источните падини на Голак, 10 km јужно од Делчево и 5 km југозападно од селото Тработивиште. До езерцето се доаѓа по асфалтниот пат од с.Тработивиште кон с.Разловци, при штона 2 km по с.Тработивиште се исклучува кон десно (запад) по солиден макадамски пат. Самото езеро е на 820 m […]

    Погледни место
  • Барски еко-систем Езерце

    Види на мапа

    Барски еко-систем Езерце се наоѓа на источната страна на градот Пехчево, во долината на Пехчевска Река. Претставува природна бара во која има специфичен растителен и животински свет. Самиот простор околу барата е исполнет со природни убавини поради што е ставен во функција на едукација и рекреација на посетителите. Барскиот екосистем „Езерце“ е уреден со едукативни табли за […]

    Погледни место
  • Локалитетот „Јудови ливади“

    Види на мапа

    Локалитетот „Јудови ливади“ е оддалечен 2 km североисточно од Пехчево, во подножјето на Буковик (1723 m), на околу 1100-1200 m надморска височина. Се одликува со единствена флора на територијата на општина Пехчево и пошироко. Имено, на тресетиштата и влажните ливади на овој простор се развива инсектојадното растение муволовка (Drosera rotundifolia) кое многу ретко се среќава […]

    Погледни место
  • Патеката на биодиверзитетот во Делчево

    Види на мапа

    Патеката на биодиверзитетот во Делчево е од едукативен карактер, наменета за учениците од Делчево, но и за сите љубопитни посетители на градот. Нејзина цел е да се едуцира населението за важноста на реката Брегалница и нејзините еко системи,особено за флората и фауната која живее долж речниот слив на територијата на општина Делчево. Патеката, која се […]

    Погледни место
  • Рекреативната велосипедска патека „Илин Камен“

    Види на мапа

    Рекреативната велосипедска патека „Илин Камен“ е долга 5 km и ги поврзува градот Делчево со локалитетот „Илин Камен“. Излегувајќи од Делчево на околу 600 m надморска височина, патеката првин минува по ридест терен до с.Ѕвегор, а од тука постепено се искачува до 880 m надморска височина кај Илин Камен. Според тоа, висинската разлика е 280 метри, […]

    Погледни место
  • Патеката на Петко и шумските жители

    Види на мапа

    Патеката на Петко и шумските жители – пехчевска авантура е едукативна пешачка патека наменета главно за ученици, но и заинтересираните вљубеници на природата. Патеката е во функција на подобро запознавање и зачувување на биодиверизитетот на овој простор. Таа почнува од Едукативниот центар во село Негрево, а завршува кај локалитетот „Јудови Ливади“, каде вирее инсектојадното растение муволовка. […]

    Погледни место
  • Едукативниот центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион

    Види на мапа

    Едукативниот центарза зачувување на природата во Брегалничкиот регион се наоѓа во с.Негрево, на 1,5 km северно од Пехчево. Истиот е изграден со цел младите од регионот и пошироко да имаат можност директно и практично да се запознаат со природните богатства и биолошката разновидност што ги има во Брегалничкиот регион и реката Брегалница како најзначаен хидрографски […]

    Погледни место
  • Велосипедска патека „Убавините на Пехчево на велосипед“

    Види на мапа

    Велосипедска патека „Убавините на Пехчево на велосипед“ е со вкупна должина од 10 km и го поврзува градот Пехчево со трите туристички локалитети „Вртена скала“, „Делибови кашчи“ и „Јудови ливади“. Овие три локалитети се на јужната падина на фосилната вулканска купа Буковик (1723 m)која се издига високо над Пехчево. „Вртена скала“ е позната по специфичната […]

    Погледни место
  • Археолошкиот локалитет „Св. Петка“

    Види на мапа

    Археолошкиот локалитет „Св. Петка“ се наоѓа на 4 km североисточно од Пехчево, во месноста „Св. Петка“, кај локалното население позната и како „Манастир“. Станува збор за старохристијанска црква со димензии 7 х 13 m, односно за манстирски комплекс со поголеми димензии кој, покрај остатоците од црква градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти […]

    Погледни место
  • Црква “Света Петка Параскева”

    Види на мапа

    Црква “Света Петка Параскева” — црква во селото Селник. Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура на Република Македонија. Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со […]

    Погледни место
  • Очипалска пештера

    Види на мапа

    Очипалска ПештераВо близина на градот Делчево има неколку мали варовнички ридови во кои се создадени кратки пештери. На североисток од Делчево се наоѓа пештера, која месното население ја нарекува Очипалска Пештера. Влезот на пештерата е тесен но висок Затоа пак има доста лилјаци, птици, инсекти и сл. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка […]

    Погледни место
  • Езеро Калиманци

    Види на мапа

    Езерото Калиманцие вештачка акумулација на реката Брегалница во Очипалско-Истибањската Клисура и претставува најголемо езеро во источниот дел на Македонија. Езерото е долго 14 км, широко 0.3 км, а максималната длабочина достигнува до 80 метри. Зафаќа површина од 4,23 км кв. и акумулира 127 милиони метри кубни вода. Езерото Калиманци е специфично по големата брегова разгранетост. […]

    Погледни место
  • Комплекс Манастирски Ендек

    Види на мапа

    Во подножјето на Голак во непосредна близина на градот Делчево се наоѓа прекрасниот манастир Света Богородица Балаклија. Околината на самиот манастир, со своите специфични камени форми допринеле уште од дамнина тука да постои светилиште. Сегашниот изглед манастирскиот комплекс го добил некаде на почетокот на 20 век кога бил изграден манастирот но со слаб квалитет. Подоцна […]

    Погледни место
  • Врв Кадиица, возвишението Буковиќ

    Види на мапа

    Врв Кадиица, возвишението Буковиќ, е мало планинско возвишение со надморска височина од 1723 метри, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, по одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за […]

    Погледни место
  • Орловец

    Види на мапа

    Буковик (Орловец, 1723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, по одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански тип. Всушност, […]

    Погледни место
  • Туристичка населба Абланица

    Види на мапа

    Туристичката населба Абланицае распространета на двете страни на р. Брегалница. Ова место има најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во општина Берово. Новоизградената црква “Св.Недела и Св. Петка“ е со фрескопис и иконостас изработен од локални уметници. Населбата има околу 130 викенд куќи, а дел од нив нудат сместување за туристите. Абланица е поврзана и со […]

    Погледни место
  • Петлец

    Види на мапа

    Врв Петлец Локалитетот Петлец е оддалечен 12км од Берово, во близина на Русиново на оддалеченост 7 км од селото. На ова место, во срцето на Малешевските Планини во 1906 година згасна животот на Дамјан Груев, еден од најголемите македонски револуционери, визионер и борец за самостојна и независна Македонија. Во негова чест секоја година, викендот пред […]

    Погледни место
  • Манастир Св.Архангел Михаил

    Види на мапа

    Манастирот “Свети Архангел Михаил”,е изграден во 1818 година помеѓу две стари цркви, “Свети Ѓорѓи” од десната страна на околу стотина метри, на чие што место денес постои оброчиште и “Света Богорогица” од левата страна, на влезот во брегалничката клисура, на местото каде во 18 век се наоѓало Берово. Начинот на кој што е изграден манастирот […]

    Погледни место
  • Буковик со врв орловец

    Види на мапа

    Буковик (Орловец, 1723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, по одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански тип. Всушност, […]

    Погледни место
  • Врв Ченгино Кале

    Види на мапа

    Ченгино Кале (или Калето) на Малешевските Планини, на самата граница со Република Бугарија и е нај источна месност на Република Македонија. Височина на врвот изнесува 1752 метри. Граничната линија на овој простор, во должина од 12 метри поминува преку мало природно езерце со мошне интересен начин на постанок. Езерцето е со меридијански правец, во должина […]

    Погледни место
  • Свети води Тработивиште

    Види на мапа

    Месноста Света водае оддалечена 15-тина км јужно од Делчево, во атарот на с.Тработивиште. Самите извори се високо од десната страна на реката Брегалница. Тука од памтивек постојат 3 извори на вода. Подоцна овие извори се каптирани во чешми што никогаш не пресушуваат. За водата од овие чешми помеѓу локалното население во Делчево и регионот, постои […]

    Погледни место
  • Манастир Пресвета Богородица

    Види на мапа

    Црквата Пресвета Богородица започнала да се гради во 1972, а била завршена во 1975 година. Изградена е во стилот на византиско-македонските цркви од среден век. Манастирот е машки, а типикот на манастирот е исихастички. Во близина на манастирската се наоѓала друга, постара црква, која што била разрушена, а иконите од неа били пренесени во новата […]

    Погледни место
  • Маршрутата Орловец

    Види на мапа

    Маршрутата Орловецповрзува неколку интересни локалитети во околината на Пехчево. Започнува од Барскиот еко систем „Езерце“ во Пехчево и авантуристичкиот парк во непосредна близина. Се движи низ Пехчево, преку Симин Рид до локалитетот Јудови Ливади каде се наоѓа ендемичноито инсектојадно растение Drossera Rotundifolia. Продолжува до врвот Орловец, па преку локалитетот Рудниците и Патеката на Петко и […]

    Погледни место
Оди најгоре