КРАТОК ПРИКАЗ НА ПАТЕКИТЕ ЗА ПЕШАЧЕЊЕ
-
Патека на петко
Види на мапаПатеката на Петко на планината Голак е кратка, но живописна пешачка патека со вкупна должина од 1 km. Тоа е едукативна патека, која има за цел да овозможи интерактивно учење за природата и биолошката разновидност во брегалничкиот регион. Поставена е во највисоките делови на планината, на надморска височина од 1375 m до 1400 m, односно […]
-
Патека на Биодиверзитетот
Види на мапаПатеката на биодиверзитетот во Делчево е од едукативен карактер, наменета за учениците од Делчево, но и за сите љубопитни посетители на градот. Нејзина цел е да се едуцира населението за важноста на реката Брегалница и нејзините еко системи,особено за флората и фауната која живее долж речниот слив на територијата на општина Делчево. Патеката, која се […]
-
Патека на билките на планината Голак
Види на мапаПатеката на билките на планината Голак е едукативна патека која се наоѓа во највисоките делови на планината Голак, околу врвот Чавка (1536 m). Истата има за цел запознавање, зачувување и правилно искористување на природните вредностите на планината Голак. За таа цел се поставени поголем број информативни табли за шумските и растителни формации со посебен осврт […]
-
Патеката на Петко и шумските жители
Види на мапаПатеката на Петко и шумските жители – пехчевска авантура е едукативна пешачка патека наменета главно за ученици, но и заинтересираните вљубеници на природата. Патеката е во функција на подобро запознавање и зачувување на биодиверизитетот на овој простор. Таа почнува од Едукативниот центар во село Негрево, а завршува кај локалитетот „Јудови Ливади“, каде вирее инсектојадното растение муволовка. […]