Што нудат Пијанец и Малеш

Богатството од разновидно природно и културно наследство во општините Делчево и Пехчево, како и желбата истите да се промовираат во функција на туризмот е главната цел на оваа кратка брошура. Истата е дел од проектот: „Oдржливо управување со природните ресурси во микро регионот Пијанец-Малеш“ За таа цел во наредниот текст накратко ќе бидат презентирани основните карактеристики на двете општини и најзначајните туристички локалитети во нив, посебно од делот на природното наследство. Се надеваме дека истите ќе ве примамат да ги посетите и да го почуствувате волшебството на овој преубав и чист предел во централниот дел на Балканскиот Полуостров.

Општина Делчево

Општина Делчево се наоѓа во крајниот источен дел на Република Македонија, на границата со Бугарија. Зафаќа вкупна површина од 423 km2, на која живеат 17 500 жители. Општината има 22 населени места и тоа: градот Делчево и селата: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово (Делчевско), Град (Делчевско), Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, […]

Општина Пехчево

Општината Пехчево се наоѓа јужно од Делчево, во крајниот источен дел на државата, покрај самата граница со Бугарија. Всушност најисточната точка на општината кај врвот Ченгино Кале (1745 m) е најисточна точка и на Република Македонија. Инаку, општината Пехчево е сместена помеѓу Беровската (Малеш) и Делчевска Котлина (Пијанец), на надморска височина од околу 700 до […]

Оди најгоре