Фотографии за Микро регионот Пијанец и Малеш

Фестивал за дувачки оркестри Пехчево

 Во чест на празникот на градот Пехчево – Павловден, Општина Пехчево организира фестивал на дувачки оркестри и Етно саем –  Пехчевски Павловден. Целта е да ја промовира традиционалната музика на дувачките оркестри и афирмација на истите.

 Фестивалот се организира веќе 10 години по ред, а секоја година станува се пореномиран

             На Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево покрај настапот на дувачки оркестри од Република Северна Македонија и од соседните држави Република Бугарија, Република Србија, настапуваат и голем број на македонски забавни и народни изведувачи од македонската естрада, познати пеачи од соседните земји, наши локални пеачи, голем број на културно уметнички друштва од нашата земја и од соседните земји, Dj и.т.н.

            Како дел од активностите за прославување на Павловден, на 13 јули на празникот на градот секоја година се одржува традиционалниот Етно – саем Пехчевски Павловден на кој се представуваат производители на традиционална храна и ракотворби . На саемот учествуваат над 20-тина тезги на кои се презентираат  традиционална храна и уметнички ракотворби, домашни занаети и тоа не само од Пехчевскиот крај, туку и од целата наша земја па и пошироко.

            Концептот на Фестивалот е доста интересен и пред се разнолик, затоа што се нуди програма за сите генерации, како за повозрасните така и за најмладата популација.

 

 In honor of Pehcevo city holiday – Pavlovden, the Municipality of Pehchevo organizes a Festival of Brass Orchestras and Ethno Fair – Pehcevski Pavlovden. The aim of this organization is to promote the traditional brass orchestras music and its affirmation. The festival has been organized for 10 years in a row, and every year it becomes more and more renowned. 

At the Festival of Brass Orchestras – Pehchevo, besides the performance of brass orchestras from the Republic of North Macedonia and the neighboring countries as the Republic of Bulgaria and the Republic of Serbia, there are also many Macedonian pop and folk performers, famous singers from the neighboring countries, our local singers, a large number of cultural – artistic associations from our country and from neighboring countries, Dj and so on.

As part of the activities to celebrate the holiday Pavlovden, on July 13, a traditional Ethno Fair Pehchevski Pavlovden has been organized every year, which presents producers of traditional food and handicrafts. The fair consists of over 20 stalls where traditional food and handicrafts, home made crafts not only from the area of Pehcevo, but from our whole country and widely, are presented.

The concept of the Festival is quite interesting and, above all, varied, as it offers a program both for the youngest population and for the oldest one.

 

Прикачете ваша слика

Овде можете да прикачите ваши слики од посета на некое од нашите атракции


Опис на сликата

Оди најгоре