Спорт и спортски терени

Направете ги првите скијачки чекори на Голак

Сместен блиску до врвот Чавка (1.358 метри) на планината Голак, во овој центар во текот на зимската сезона има доволно снег за скијање за почетниците, но и за тие што ќе ги понесат санките.  Искусните скијачи нема да бидат премногу среќни бидејќи на Голак располага со неколку скијачки патеки за заинтерсираните љубители на белиот спорт. Планината Голак располага и со природни ресурси од кои може да ви застане здивот, како место каде што човек може да избега од метежот на цивилизацијата и да се препушти на мирот и убавините на планински рај.

За искусните скијачи нема "вистински" патеки, но може да поминат убав викенд ако се препуштат на убавините и на мирот во планинскиот рај.

Веројатно малкумина освен делчевци и кочанци имале можност убаво да го запознаат локалитетот Голак, оддалечен десет километри од Делчево. Овој планински рекреативен центар е сместен на надморска височина од 1.300 метри среде столетни борови и букови шуми и го носи епитетот воздушна бања, бидејќи воздухот е многу чист, а климатските услови се благи. Сето тоа го прави популарна локација за викенд-посети на делчевци, кои често одмараат на Голак.

Покрај зимските скијачки патеки планината Голак располага и со терени за мал фудбал, ракомет, кошарка и одбојка. Овие спортски терени се со асфалтна подлога и нудат одлична можност за спорт и рекреација на љубители на спортот и спортски екипи.

Планината располага со велосипедеска патека со должина од 6800 метри.

Патека за рекреација и пешачење „Патека на билките“

Детска едукативна патека „Патеката на петко“

Види повеќе
Оди најгоре