Патека на билките на планината Голак

Патеката на билките на планината Голак е едукативна патека која се наоѓа во највисоките делови на планината Голак, околу врвот Чавка (1536 m). Истата има за цел запознавање, зачувување и правилно искористување на природните вредностите на планината Голак.

За таа цел се поставени поголем број информативни табли за шумските и растителни формации со посебен осврт на лековититебилки, со кои се карактеризира планиата Голак. Патеката е долга околу 7 km. Започнува во непосредна близина на вила „Гранит“ од каде продолжува покрај спортските терени, старата жичарница, до манастирот Св.Пантелејмон. Од манастирот се спушта до „Бун чешма“, па преку шумските предели на планината Голак води низ предел богат со растителни и животински видови, за потоа повторно да се искачи до вила Гранит. По патеката, за чие поминување се потребни околу1-2 часа, може да се видат бројни растителни заедници, мешани шуми и разни видови на лековити растенија. Покрај тоа, на неколку места има извонредни видици, така што освен едукативен карактер, патеката е одлична и за рекреација низ овие преубави планински предели.

Види повеќе
Оди најгоре