
Какво е времето?
Овде ќе ги најдете временски прогнози за Делчево и Пехчево како и предвидувања за следните 10 дена.
Пијанечко - Малешевскиот регион е богат со долга и богата историја, позиционирана во североисточниот дел на Република Македонија, што го прави да биде атракција и предизвик за голем број на туристи и посетители од цела Македонија и пошироко. Големиот број на природни убавини , како и многуте туристички места се причината за се поголемниот број на присутност на посетители во сите периоди од годината. Овој регион изобилува и со природна убавина изразена преку бројни геоморфолошки форми - планини, котлини, полиња, долини, клисури, пештери, како и неколку хидрографски форми - извори, реки, водопади, езера и вештачки акумулации.
Општина Делчево се наоѓа во крајниот источен дел на Република Македонија, на границата со Бугарија. Зафаќа вкупна површина од 423 km2, на која живеат 17 500 жители. Општината има 22 населени места и тоа: градот Делчево и селата: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово (Делчевско), Град (Делчевско), Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, […]
Прочитај повеќеОпштината Пехчево се наоѓа јужно од Делчево, во крајниот источен дел на државата, покрај самата граница со Бугарија. Всушност најисточната точка на општината кај врвот Ченгино Кале (1745 m) е најисточна точка и на Република Македонија. Инаку, општината Пехчево е сместена помеѓу Беровската (Малеш) и Делчевска Котлина (Пијанец), на надморска височина од околу 700 до […]
Прочитај повеќеПатеката на Петко на планината Голак е кратка, но живописна пешачка патека со вкупна должина од 1 km. Тоа е едукативна патека, која има за цел да овозможи интерактивно учење за природата и биолошката разновидност во брегалничкиот регион. Поставена е во највисоките делови на планината, на надморска височина од 1375 m до 1400 m, односно […]
Прочитај повеќеПланинската велосипедска патека Голак е со вкупна должина од 6800 m и е поставена во највисоките делови на планината. Започнува во непосредна близина на вила „Гранит“ од каде продолжува покрај спортските терени и се искачува покрај вила „Фротирка“. Од овде продолжува до манастирот Св.Пантелејмон, каде на еден мал дел поминува по асфалтен пат. Самиот манастир […]
Прочитај повеќеПатеката на билките на планината Голак е едукативна патека која се наоѓа во највисоките делови на планината Голак, околу врвот Чавка (1536 m). Истата има за цел запознавање, зачувување и правилно искористување на природните вредностите на планината Голак. За таа цел се поставени поголем број информативни табли за шумските и растителни формации со посебен осврт […]
Прочитај повеќеКукуље кај с.Нов Истевник е уникатна релјефна појава на падините на ниската планина Бејаз Тепе, речиси на половина пат помеѓу Делчево и Пехчево. До локалитетот се доаѓа преку регионалниот пат Делчево-Берово, при што кај с. Нов Истевник се исклучува од главниот пат и по тесен асфалтен пат се стигнува до самото село. Потоа, по пешачка […]
Прочитај повеќеКукуље кај с.Тработивиштее уште една интересна појава на земјени пирамиди (камени кукли) во областа, штосе наоѓа на 3 km југозападно од с.Тработивиште. До кукуљето се доаѓа преку локалниот асфалтен пат од с.Тработивиште до с.Разловци. Пред с.Разловци се скршнува кон запад, по земјен пат, во правец на акумулацијата Лошана. Потоа се искачува на ридесто возвишение, на […]
Прочитај повеќеМЕЛОВИTE КАЈ с. ЦРНИК се многу интересни геоморфолошки форми со амфитеатрален изглед, кои кон подножјето се стеснуваат, па наликуваат на пресечена инка. Станува збор за 10-ина мелови кои се наоѓаат на околу 1 km, односно 15 минути одење спротиводно (југоисточно) по Црничка Река, над с. Црник. Тие имаат значителна височина на ерозивниот отсек до 80 […]
Прочитај повеќеКоњска Дупка е кратка пештера што се наоѓа кај с.Град, 7 km југоисточно од Делчево. Според досегашните сознанија, таа е најисточната пештера во Република Македонија. Создадена е во варовнички карпи кои се појавуваат на мала површина веднаш покрај селото Град. Влезот се наоѓа во стрмните карпи на левата долинска страна на Вачин Дол и е […]
Прочитај повеќеКиселичка пештера е уште еден природен уникат на Пијанец и со своите 108 m должина, претставува најдолга пештера во овој краен источен дел на Република Македонија. Се наоѓа на7 km северозападно од Делчево, во атарот на селото Киселица. До пештерата се стигнува преку асфалтен пат до селото, а потоа уште 700 m на север по добар […]
Прочитај повеќеИлин Камен е локалитет кај с. Ѕвегор, на левата (северна) страна од патот кон Бугарија, на околу 200 m оддалеченост од патот. Тоа е карпест блок висок околу 2 m, со мал отвор во средишниот дел настанат со ерозија. Според легендите, во времето на Османлиите во близина живеела некоја убава девојка Илина, која посакала да […]
Прочитај повеќеВртена Скала е карпеста форма со впечатлив изглед, висока околу 5 m. Се наоѓа 4 km источно од Пехчево, во пазувите на Буковик,на десната долинска страна на Пехчевска Река. Низ средишниот дел на карпата има тесенотвор, долг околу 2 m. Кај месното население постои верување дека протнувањето низ карпата им помага на жените кои немаат […]
Прочитај повеќеПехчевски Водопади, се наоѓаат на десетина километри југоисточно од Пехчево, во горниот, изворишен дел на реката Брегалница. Реката овде е длабоко всечена помеѓу планината Влаина на север и Малешевски Планини на југ, така штона некои места има кањонест изглед. Токму тука се создале5 поголеми водопади и бројни каскади на Брегалница и нејзините притоки, каде чистата […]
Прочитај повеќеЕзерото Сандански е мало вештачко езерце кое се наоѓа 3 km јужно од Делчево, непосредно до реката Брегалница и до регионалниот пат за Берово. Има неправилна елипсеста форма со најголема должина од 205 m, широчина од 145 m и површина од 2 хектари. Бреговата линија му е многу разгранета и долга дури 1100 m, со […]
Прочитај повеќеЕзерото Лошана е мала вештачка акумулација на источните падини на Голак, 10 km јужно од Делчево и 5 km југозападно од селото Тработивиште. До езерцето се доаѓа по асфалтниот пат од с.Тработивиште кон с.Разловци, при штона 2 km по с.Тработивиште се исклучува кон десно (запад) по солиден макадамски пат. Самото езеро е на 820 m […]
Прочитај повеќеБарски еко-систем Езерце се наоѓа на источната страна на градот Пехчево, во долината на Пехчевска Река. Претставува природна бара во која има специфичен растителен и животински свет. Самиот простор околу барата е исполнет со природни убавини поради што е ставен во функција на едукација и рекреација на посетителите. Барскиот екосистем „Езерце“ е уреден со едукативни табли за […]
Прочитај повеќеЛокалитетот „Јудови ливади“ е оддалечен 2 km североисточно од Пехчево, во подножјето на Буковик (1723 m), на околу 1100-1200 m надморска височина. Се одликува со единствена флора на територијата на општина Пехчево и пошироко. Имено, на тресетиштата и влажните ливади на овој простор се развива инсектојадното растение муволовка (Drosera rotundifolia) кое многу ретко се среќава […]
Прочитај повеќеПатеката на биодиверзитетот во Делчево е од едукативен карактер, наменета за учениците од Делчево, но и за сите љубопитни посетители на градот. Нејзина цел е да се едуцира населението за важноста на реката Брегалница и нејзините еко системи,особено за флората и фауната која живее долж речниот слив на територијата на општина Делчево. Патеката, која се […]
Прочитај повеќеРекреативната велосипедска патека „Илин Камен“ е долга 5 km и ги поврзува градот Делчево со локалитетот „Илин Камен“. Излегувајќи од Делчево на околу 600 m надморска височина, патеката првин минува по ридест терен до с.Ѕвегор, а од тука постепено се искачува до 880 m надморска височина кај Илин Камен. Според тоа, висинската разлика е 280 метри, […]
Прочитај повеќеПатеката на Петко и шумските жители – пехчевска авантура е едукативна пешачка патека наменета главно за ученици, но и заинтересираните вљубеници на природата. Патеката е во функција на подобро запознавање и зачувување на биодиверизитетот на овој простор. Таа почнува од Едукативниот центар во село Негрево, а завршува кај локалитетот „Јудови Ливади“, каде вирее инсектојадното растение муволовка. […]
Прочитај повеќеЕдукативниот центарза зачувување на природата во Брегалничкиот регион се наоѓа во с.Негрево, на 1,5 km северно од Пехчево. Истиот е изграден со цел младите од регионот и пошироко да имаат можност директно и практично да се запознаат со природните богатства и биолошката разновидност што ги има во Брегалничкиот регион и реката Брегалница како најзначаен хидрографски […]
Прочитај повеќеВелосипедска патека „Убавините на Пехчево на велосипед“ е со вкупна должина од 10 km и го поврзува градот Пехчево со трите туристички локалитети „Вртена скала“, „Делибови кашчи“ и „Јудови ливади“. Овие три локалитети се на јужната падина на фосилната вулканска купа Буковик (1723 m)која се издига високо над Пехчево. „Вртена скала“ е позната по специфичната […]
Прочитај повеќеАрхеолошкиот локалитет „Св. Петка“ се наоѓа на 4 km североисточно од Пехчево, во месноста „Св. Петка“, кај локалното население позната и како „Манастир“. Станува збор за старохристијанска црква со димензии 7 х 13 m, односно за манстирски комплекс со поголеми димензии кој, покрај остатоците од црква градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти […]
Прочитај повеќеСВЕТА ПЕТКА — црква во селото Селник. Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура на Република Македонија. Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочи. […]
Прочитај повеќеВо близина на градот Делчево има неколку мали варовнички ридови во кои се создадени кратки пештери. На североисток од Делчево се наоѓа пештера, која месното население ја нарекува Очипалска Пештера. Влезот на пештерата е тесен, но висок. Затоа, пак, во неа живеат лилјаци, птици, инсекти и сл. Според обликот и карактеристиките, оваа пештера во геолошка […]
Прочитај повеќеЕЗЕРО КАЛИМАНЦИ е вештачка акумулација на реката Брегалница во Очипалско-истибањската Клисура и претставува најголемо езеро во источниот дел на Македонија. Езерото е долго 14 km, широко 0,3 km, а максималната длабочина достигнува до 80 m. Зафаќа површина од 4,23 km2 и акумулира 127 милиони m3 вода. Езерото Калиманци е специфично по големата брегова разгранетост. Вкупната […]
Прочитај повеќеВо подножјето на Голак, во непосредна близина на градот Делчево, се наоѓа прекрасниот манастир Света Богородица Балаклија. Околината на манастирот, со своите специфични камени форми, придонела уште од дамнина тука да постои светилиште. Сегашниот изглед манастирскиот комплекс го добил некаде во почетокот на 20 век кога бил изграден манастирот, но со слаб квалитет. Подоцна, на […]
Прочитај повеќеПланината Влаина припаѓа во групата средновисоки планини. Се протега по должината на границата со Бугарија, од нејзината северна страна од превалот Црна Скала, која претставува и граница со Осоговските Планини. Кон југоисток, во потег од 40 km, се издигнуваат некоклу карактеристични врвови како Острец, Китка, Обел и Кадиица. Планинските падини се стрмни, особено на западната […]
Прочитај повеќеБуковик (Орловец, 1723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, по одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански тип. Всушност, […]
Прочитај повеќеТуристичката населба Абланица е една од поголемите туристички локалитети во регионот. Локалитетот располага со околу 150 викенд куќи, а дел од нив нудат сместување за туристите. Туристичката населба Абланица има најмногу и најатрактивни археолошки локалитети во Oпштината Берово. Новоизградената црква Св. Недела и Св. Петка е со фрескопис и иконостас, изработени од локални уметници. Абланица […]
Прочитај повеќеЛокалитетот Петлец е оддалечен 12 km од Берово, во близина на Русиново на оддалеченост 7 km од селото. На ова место, во срцето на Малешевските Планини, во 1906 година згасна животот на Дамјан Груев, еден од најголемите македонски револуционери, визионер и борец за самостојна и независна Македонија. Во негова чест секоја година, викендот пред 23 […]
Прочитај повеќеМанастирот “Свети Архангел Михаил”,е изграден во 1818 година помеѓу две стари цркви, “Свети Ѓорѓи” од десната страна на околу стотина метри, на чие што место денес постои оброчиште и “Света Богорогица” од левата страна, на влезот во брегалничката клисура, на местото каде во 18 век се наоѓало Берово. Начинот на кој што е изграден манастирот […]
Прочитај повеќеБуковик со врвот Орловец (1.723 m) е мало планинско возвишение, кое се издвојува на западната страна на планината Влаина. Просторно се протега североисточно од Пехчево, помеѓу Пехчевска Река и изворишниот дел на Желевица. Без оглед на малите димензии што ги има, според одредени морфогенетски особености, Буковик може да се смета за одделна микро-планина од палеовулкански […]
Прочитај повеќеЧенгино Кале (или Калето) на Малешевските Планини, на самата граница со Република Бугарија, е најисточната месност на Република Македонија. Височина на врвот изнесува 1.752 m. Граничната линија на овој простор, во должина од 12 m поминува преку мало природно езерце. Езерцето е со меридијански правец, во должина од 40 m, површина од 310 m2 и […]
Прочитај повеќеМесноста Света Вода е оддалечена 15-тина km јужно од Делчево, во атарот на с.Тработивиште. Самите извори се високо од десната страна на реката Брегалница. Тука од памтивек постојат 3 извори на вода. Подоцна овие извори се каптирани во чешми што никогаш не пресушуваат. За водата од овие чешми, меѓу локалното население во Делчево и регионот, […]
Прочитај повеќеЦрквата Пресвета Богородица започнала да се гради во 1972, а била завршена во 1975 година. Изградена е во стилот на византиско-македонските цркви од среден век. Манастирот е машки, а типикот на манастирот е исихастички. Во близина на манастирската се наоѓала друга, постара црква, која што била разрушена, а иконите од неа били пренесени во новата […]
Прочитај повеќеМаршрутата Орловец поврзува неколку интересни локалитети во околината на Пехчево. Започнува од Барскиот екосистем Езерце во Пехчево и Авантуристичкиот парк во непосредна близина. Се движи низ Пехчево, преку Симин Рид до локалитетот Јудови Ливади каде што се наоѓа ендемичното инсектојадно растение Drossera rotundifolia. Продолжува до врвот Орловец, па преку локалитетот Рудниците и Патеката на Петко […]
Прочитај повеќеTуристичкиот локалитет Беровско Езеро се наоѓа на надморска височина од 1.000 m. По должината на брегот се изградени повеќе вили, што можат да се изнајмуваат, прекрасни терени за излет, рекреација и спортови. Со урбанистичкиот план за развој на овој локалитет предвидени се места за изградба на викендички, хотелски комплекси и други рекреативни содржини, притоа водејќи […]
Прочитај повеќеВо селото Град, лоцирано на неколку километри од магистралниот пат Делчево-Берово постои археолошко наоѓалиште, кое се нарекува “Градиште”. Откриените археолошките остатоци сведочат за постоење на една голема, во поширокиот регион најзначајна населба која егзистирала од праисторијата, па до денес. Од времето на неолитот, пронајдени се вредни археолошки предмети како стилизирана женска фигура од печена земја, […]
Прочитај повеќеПланината Влаина припаѓа во групата средно високи планини. Се протега по должината на границата со Бугарија, од нејзината северна страна од превалот Црна Скала, која претставува и граница со Осоговските Планини, кон југоисток во потег од 40 km. Се издигнуваат неколку карактеристични врвови како Острец, Китка, Обел и Кадиица. Највисок врв е Кадиица, со височина […]
Прочитај повеќе